Хамас ќе ослободи 70 заложници во замена за 5-дневно примирје!?

Вооруженото крило на палестинската радикална група Хамас во понеделникот соопшти дека ги информирало катарските посредници за подготвеноста да ослободи до 70 жени и деца кои се држат како заложници во Газа.



За возврат, милитантите сакаат петдневно примирје со Израел, пренесува Ројтерс.

Примирјето мора да вклучува целосен прекин на огнот и да дозволи пристап до хуманитарна помош насекаде во Појасот Газа“, изјави Абу Убајда, портпарол на вооруженото крило на Хамас.

Хамас од упадот во Израел на 7 октомври, држи 240 заложници, кои според израелската армија ги употребува како штит.

Истовремено, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека „Хамас“ веќе се губи во Газа“.

Според Галант, армијата во последните денови ја засилила својата активност против тунелите на Хамас.