Халкидики: Убиен македонски државјанин, друг тешко ранет

Околу 3:30 часот ноќеска биле застрелани двајца македонски државјани во Ханиоти, Халкидики, јавуваат грчките медиуми.



Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом Касандра.

Еден од двајцата, 39-годишен починал, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос, јавуваат медиумите.

Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до изнајмената соба во која престојувале и пукале во нив.

Полициската управа Полигирос спроведува прелиминарна истрага.