„Изопачена, перверзна демонстрација на неморалот, неприфатлив за Албанците, се случи со појавувањето на расоблечената, недолично облечена рап-пејачка Таина на концертот, што беше организиран во Тетово по повод 20-годишнината од основањето на ДУИ. Ниеден од функционерите на ДУИ не им дозволува на своите ќерки, на своите сестри, ниту на своите жени да се облекуваат, да се облекуваат така недолично. ДУИ не се извини поради тоа.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ во статијата со наслов „Албанците имаат партии, што го негуваат моралот, но и партии кои го стимулираат неморалот!“
„Алмакос“ пишува: „Мнозинството од Албанците во с.Македонија ги чуваат и ги негуваат својот јазик, историја, култура, но и своите национални и верски вредности, при што насоченоста е кон моралните вредности. Но, политичките аналитичари со право констатираат дека различни политички, верски и други структури понекогаш ги предизвикуваат овие вредности. Тие како таков пример го сметаат концертот организиран по повод 20-годишнината од основањето на ДУИ.“
„Аналитичарот Халими пишува на фејсбук: ‘Таму, на тој концерт во Тетово, имавме изопачена, перверзна демонстрација на неморалот неприфатлив за Албанците од Македонија, но ДУИ не најде сила да се извини. Тоа беше многу недолично од една политичка партија, кои се повикува на вредностите на УЧК. Ниеден од функционерите на ДУИ не им дозволува на своите ќерки, на своите сестри, ниту на своите жени да се облекуваат, да се соблекуваат така недолично како што се појави рап-пејачката Таина пред тетовчани.“
Халими вели: „Зошто ДУИ и продава неморал на албанската младина, кој што не го дозволуваат ниту во нивните семејства? Поради своите лични материјални интереси, ДУИ спроведува странски агенди, кои што го уништуваат моралот на нашата младина. Ова е нешто, со кое ние треба да се позанимаваме и да го критикуваме, напоредно со зачудувачките трошења, направени во време кога се соочуваме со голема материјална криза.“
„Ако го уништувате моралот кај младината на еден народ, тогаш го уништувате и тој народ.’ – нагласува аналитичарот Халими на фејсбук.’ – пренесува „Алмакос“.





