По обвинувањата од градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, дека вината за негтивниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) е во претходното раководство на општината, кога локалната власт, реагоиираше екс-градоначалничката Миликије Халими.
Арачиново: Ни арач ни данок во даночниот рај во близина на Скопје
„Даноците од купопродажни договори од куќи или земјиште секогаш беа плаќани освен данокот на имот, но другите даноци се плаќаа“, вели таа во изјава за „Локално“.
Според неа, буџетот на општината, според неа, е само од данокот на граѓаните и од ДДВ што беа префлрувани секој месец од финансии, додавајќи дека „тие беа од данок на граѓаните од Арачиново“.
„Не може да ги тераме граѓаните да плаќат данок кога 90% ги немаат легализирано објектите. Како ќе им наплаќаме данок кога немат свој имот со имотен лист? Јас имав консултации со мои советници и работев на тоа ама прво сакав да ги легализираат куќите и после тоа да им пуштиме решенија за данок на имот“, вели Халими за „Локално.
Државните ревизори утврдија дека Општина Арачиново не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за данок на имот, нема приходи по основ на комунална такса на фирма, за користење музика во јавните локали, за истакнување реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување градежно земјиште.






