Халили: Промената на Уставот да не биде услов за отворање на ЕУ-преговорите – треба време Бугарите да влезат во него“

„Советот на амбасадори во Македонија смета дека секој обид да се направи преговарачка рамка достапна за двете страни треба да биде мултилатерална рамка, во која Бугарија ќе има свое место како пријателска држава на с.Македонија. Шефот на советот Мухамет Халили вели дека промената на Уставот не треба да биде услов за отворање на преговорите со ЕУ. Негова лична оценка е дека решение во јуни, со ставот на Бугарија, е речиси невозможно.“ – објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: „Ниту Европската комисија, ниту ЕУ, ниту Република Бугарија, не треба да инсистираат клучот за отворањето на преговорите, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција, да биде отворањето на Уставот каде што Бугарите ќе го заземат своето место до другите етникуми, бидејќи за ова е потребно релативно подолго време. Потребна ни е усогласеност во парламентот на државата, што во нашиот случај го нема, бидејќи лидерот на македонската опозиција се изјасни против уставните измени.’ – изјави Мухамет Халили, претседател на Советот на амбасадори.“