Халили: Мора да го промениме Уставот, сме прифатиле да го сториме тоа, инаку следи блокада! – Нема враќање назад!

„Мора да го искористиме овој момент, бидејќи е многу важен за нашата земја. Во спротивно таа ќе остане блокирана како во 2008 година.“изјави Дрита Абдиу-Халили, заменик-главен преговарач и државен секретар во Секретаријатот за европски прашања,  во врска со планираните уставни измени во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.



ТВ 21 пишува: „Овој момент е многу важен, бидејќи е создаден поради геополитичките прашања и војната во Украина. Тој мора да се искористи. Мора како држава да го искористиме оваа можност. Ние сме прифатиле да ги направиме уставните промени, затоа сите политички чинители треба да го искористат моментот и да одиме напред со процесот. Инаку ќе се случи она што се случи во 2008 година. Ние бевме рамноправни во 2008 година со Хрватска, таа сега одбележува 10 години од своето влегување во ЕУ, а ние сме од тоа и натаму многу далеку.“ – кажа Абдиу-Халили.

Според неа, „новата методологија за членство во ЕУ ни дава мотив да продолжиме напред“. Дрита Абдиу-Халили нагласи дека „штом ќе започне овој процес зачленувањето во ЕУ нема да запре додека не се исполнат сите поглавја“.

„Новата методологија ни дава мотив да одиме напред, секако ако се најдеме во застој, или ако нема напредок, тогаш процесот се враќа назад. Идејата на новата методологија е побрзо да се оди напред. Врз основа на тоа што го прифативме процесот на скринингот – проверката потоа од преговарачките позиции нема враќање назад. Ќе го продолжиме процесот и тоа не остава многу простор за враќање назад. Ова е динамичен процес и штом ќе исполниме еден услов ќе дојде следниот услов, отворање поглавје и затворање поглавје. Тоа е многу динамичен процес и тоа не мотивира да се движиме побрзо“ – посочи Дрита Абдиу-Халили, заменик-главен преговарач и државен секретар во Секретаријатот за европски прашања.