Професионалниот војник Татјана Лазаровска од Битола тврди дека нејзиниот Фејсбук профил бил хакиран и дека таа не е автор напостот во кој го слави монструмот кој уби 50 луѓе во Нов Зеланд и предлага да му де додели нобелова награда.
„Претходно имав ситуација на работа и разговарајќи со старешини им кажав дека ми се бришат и се додаваатличности од фејсбук, но не обрнував внимание зашто јас немам некои информации да пренесувам таму. Не ни помислив дека до вакво нешто може да дојде“, вели Лазаровска за порталот Сакам да кажам.
Таа не го забележала статусот на Фејсбук, но ѝ паднало чудно кога почнале да ѝ стигнуваат пораки со заканувачка содржина за напишаното, пишува порталот.
Од.мк велат дека За Лазаровска е поведена е иницијатива за покренување на Дисциплинска постапка поради нарушување на угледот на армијата, изјавиле од Генералштабот на АРМ за Сакам да кажам.





