Халил Ур-Рахман Хакани (десно), со братoт на пребеганиот авганистански претседател Ашраф Гани, кој неодамна ги повика Авганистанците да ја прифатат талибанската власт

Светот се обидува да ги измами луѓето во Авганистан тврдејќи дека талибанците ќе се вратат со брутална власт, вели Халил Ур-Рахман Хакани.



Хакани, кој е водечка фигура меѓу талибанците, ги повтори тврдењата дека „сите Авганистанци“ треба да се чувствуваат безбедно во својот исламски емират и дека е прогласена „општа амнестија“ во сите 34 провинции во земјата.

За Ал Џезира, Хакани вели дека талибанците се ангажирани во воспоставување безбедност за нацијата, по повеќе од четири децении војна.

„Ако можевме да ги победиме суперсилите, тогаш сигурно можеме да му дадеме сигурност на авганистанскиот народ“, рече Хакани, кој е ветеран од авганистанско-советската војна.

Тој се уште се вдоди како „глобален терорист“ во САД, со распишана награда од 5 милиони долари за негово фаќање, а се’ уште е и на листата на терористи на Обединетите нации.

Хакани вели дека за непријателствата во Авганистан виновна е окупацијата: Суперсилата дојде однадвор да не подели. Не принудија на војна. „Ние не сме непријатели на никого, сите ние сме Авганистанци“, вели тој.

Објаснувањето на Хакани за „принудна војна“ потсетува на сличен термин што го користеше поранешниот претседател Ашраф Гани. Неговата влада честопати го нарекуваше авганистанскиот конфликт „наметната војна“.

Но, не постои договор за тоа кој ја донесе војната во Авганистан, пишува Ал Џезира. За Талибанците и Хакани, тоа беа САД и неговата коалиција од 40 земји, додека Гани и неговата администрација често го обвинуваа соседниот Пакистан кој според нив им помогнаа на талибанците и другите вооружени групи, што Исламабад го негира.

Сега, кога странските сили се на 10 дена до целосно повлекување, Хакани вели дека талибанците веќе немаат непријатели на авганистанска почва и дека сакаат да работат со што е можно повеќе луѓе за да обезбедат ред за нацијата.

Халил Ур-Рахман Хакани (десно), со братoт на пребеганиот авганистански претседател Ашраф Гани, кој неодамна ги повика Авганистанците да ја прифатат талибанската власт