Политичкиот аналитичар и поранешен министер за Финасии Џевдет Хајредини реагира на најавата дека германскиот Бундестаг во четврток ќе донесе резолуција за поддршка на членството на Македонија во ЕУ и потврда на македонскиот јазик и идентитет – нешто што го најави и со кое се пофали премиерот Димитар Ковачевски.

„Зарем не постојат македонскиот јазик и идентитет и без да ги потврди Бундестагот на Германија“? – прашува Хајредини во објава на Фејсбук.



Да потсетиме,

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни Антонио Милошоски го поздрави овој најавен потег на Германија, но потсетува на слична таква резолуција и во 2004 година.

Во изјава за МКД.мк Милошоски рече дека и во 2004, германскиот Бундестаг донесе резолуција со која се бараше користење на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација со Германија.

„Резолуцијата беше многу добра и со истата се бараше почитување на уставното име како еден од националните симболи на секоја суверена држава. Но, резолуцијата не беше обврзувачка за владата на официјален Берлин и нејзината примена никогаш не се случи“, рече Милошоски.