Некогашниот министер за финансии Џевдет Хајредини, жесток критичар на ДУИ, ја трола нејзината поранешна градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, на која наследникот Билал Касами ѝ извади еден куп „валкани алишта“.
„И евентуалното заминување на Теута Арифи за амбасадор во Вашингтон значително може да придонесе во борбата со корупцијата во Македонија“, се надоврза Хајредини на Фејсбук на реакциите во јавноста за потписот од претседателот Стево Пендаровски за испраќање на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации.






