Аналитичрот Џевтет Хајредини го прозива премиерот Димитар Ковачевски дека немал смелост како Али Амети, да бара да се отвори истрага за целокупното делување на СДСМ, за сите функционери – почнувајќи од него.
„Освен тоа, ДУИ, за разлика од сите други партии, уште одамна, имаше смелост да спроведе внатрепартиски ветинг, при што не се откри ниеден случај на корупција во сите ешалони, дури ни кај Рамиз Мерко“, саркастично коментира Џевдет Хајредини.






