Хајредини: Со Бугарите во Уставот Бугарија сака да почне да ги бугаризира Македонците во Македонија, но никој не знае дали и кога ќе успее!

„Со Бугарите во Уставот Бугарија сака да го почне процесот на  бугаризација на Македонците во Македонија. Никој не знае дали во тоа ќе успее и колку ќе трае тој процес.“ – нагласува Џевдет Хајредини, политички аналитичар и поранешен министер за финансии, во објавата на својот фејсбук-профил.



На фејсбук Хајредини натаму пишува: Ковачевски вели дека со Заев и Ахмети разговарале за европската иднина на Македонија. Дали разговаравте и за катастрофалната состојба, во која со криминал и корупција ја доведовте земјата во изминатите 7 години? Албанците за влез во ЕУ, немаат потреба за “нонпејпер” потпишан од Али Амети.

Чувме од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дали и колку Али Амети е за европска иднина на Македонија. Секој ден станува се појасно дека Али Ахмети беше и е причината за постојаното уривање на владењето на законот и оти е тој против определеноста на Македонија за зачленување во ЕУ, како што нагласува со право Дирк Јан Коп.