Хајредини: Што ќе правевме ако не беше чичкото на Дрин Ахмети

Повеќе од сто и пеесет години големите сили, за границите на балканските држави одлучувале во Берлин, Лондон, Париз, Версај и Јалта.



Вчера, од младиот внук на Али Амети, Дрин Амети, имавме среќа да дознаваме дека, да не беше неговиот чичко, и оваа Северна Република Македонија нема да беше цела, вели аналитичарот Џевдет Хајредини коментирајќи го „хвалоспевот“ на внукот Дрин за неговиот чичко Али Ахмети, роднионски однос кој нема никаква врска со неговите бизнис-аранжмани.

Да потсетиме на вчерашната прес конференција внукот Дрин Ахмети за својот чичко имаше само пофали зборови, но и отфрли поврзаност на лидерот на ДУИ со неговиот бизнис.

Рече, дека Али Ахметиму е мотивација и тој ѝ помогнал на оваа држава бидејќи според младиот бизнисмен Македонија -, денес ќе ја немаше.

„Ќе ја немавме Македонија ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата, а Али Ахмети не го потпиша тоа. Горд сум што ми е вујко, но тој нема никаква врска со мојот бизнис. Нула поврзаност“, рече Дрин Ахмеди.

Тоа што медиумите пишуваат за неговата семејна врска, се пожали, им прави штета на неговата бизнис-мрежа и на соработниците.

По ова Хајредини со констатација:
„Во тој случај, прашање е дали и неговиот внук Дрин ќе станеше доминантен сопственик на “Соравија” во центарот на Скопје“.