Аналитуичарот и екс-министер Џевдет Хајредини има негативен став во врска со денешната средба на Еди Рама со челниците на партиите на Албанците во Македонија на која, неофицијално, ќе се разговарало како Македонија да ги прифати уставните измени за да не заостане на патот за ЕУ.
„Нема потреба на средбата кај Рама клучна тема да бидат уставните измени, затоа што нема ниеден Албанец кој е против евроинтеграции.
Против евроинтеграции се Албанците кои 20 години ја користат власта за да го крадат имотот на народот.
До кога со вакви средби кај Рама, ќе се продава лажен патриотизам, исто како со законот за јазикот, кој, според Венецијанската комисија, е неприменлив и противуставен“, објави Хајредини на Фејсбук.







