Поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини смета дека посетата на вториот човек на ЕК во Скопје е одлична прилика да се расчисти мистеријата околу тоа кој му „дошепнал“ на пратеникот Кастриот Реџепи од „Беса“ дека Македонија до јануари годинава ќе добие почеток на преговори..



Зошто г. Борел никој не го праша кој беше високиот функционер на ЕУ што пред нова година на телефон му се јави на еден пратеник и му кажа дака Македонија за неколку дена ќе го добие датумот за почеток на преговорите, а он, како Висок Комесар за проширувње, и денеска да изјави дека за датумот ниту знае ниту разговара“, прашува Хајредини на Фејсбук.

Да потсетиме: Кастриот Реџепи, пратеникот кој се одметна од ставовите на „Беса“, не се појави на денот на изгласувањето недоверба на владата, а по неговото „исчезнување“ подоцна образложи дека имал информации од ЕУ, САД и од Владата дека на 1 јануари ќе добиеме датум за ЕУ.