Аналитичарот Џевдет Хајредини смета дека други се причините зошто е одложено гласањето во парламентот за потребата од донесување уставни измени со што Бугарите би сер вметнале во Преамбулата.
„Не е точно дека гласањето е одложено за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство за влез во ЕУ.
Одложено е за да можат уште некое време, од “некои пријатели” бесплатно на користење да добиваат некое скапо АУДИ, без да платат да станат сопственици на акции во некој трговски центар во Скопје, како СОРАВИЈА,
некој “непознат пријател” да им плати 20.000 евра за една ноќ во луксузен хотел во Истамбул,
да не одговараат за криминал и корупција,
во државни органи и јавни претпријатија да ги вработат своите блиски роднини и пријатели,
службените автомобили да ги користат за приватни потреби,
во “своите” канцеларии да се рекреираат играјќи мал фудбол и кошарка,
огнено оружје да употребуваат кога отвораат изборни кампањи или слават победи и кога се веселат на свадби,
да добиваат шанса обвинители и судии да станат без да ги положат сите испити на правниот факултет“ пишува во објава на Фејсбук Хајредини.






