Во државите членки на ЕУ и САД, како казна, треба да им се забрани влезот на сите тие кои со закон за амнестија и застарување на кривичните дела за криминал и корупција, што самите го донесоа, биле, сè уште се, и пак сакаат да бидат на власт, предлага аналитичарот Џевдет Хајредини во објава на Фејјсбук.
„Граѓаните на Македонија немаат никаква корист од тоа што амбасадорите на ЕУ и САД изразуваат “сериозна загриженост” поради донесувањето со европско знаменце на Кривичниот Закон и коруптивниот договор со приватната компанија Бехтел и Енка“, вели Хајредини.




