Хајредини: Не ѝ требаат нови, Бугарија ќе ги користи старите барања

Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на тврдењето на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија не поставува нови услови за европска интеграција на Република Македонија, но инсистира на исполнување на веќе преземените обврски од неа во преговарачката рамка меѓу кои се заедничката историја, промена на учебниците, признавање на македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот,прекин на „јазикот на омраза“ кој е многу растеглива категорија…



„Бугарија нема потреба да постави нови, за иста цел ќе ги користи старите барања“, коментира Хајредини.