Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на фалбата на премиерот Димитар Ковачевски дека Македонија била признаена како земја со една од најразвиените телекомуникациски и инфраструктурно дигитални мрежи во регионот.
„Не, Ковачевски, тоа и да е точно, не е толку важно, кога се знае дека Македонија во регионот е признаена и како земја со катастрофална корупција,
во која најмногу се крадат парите од европските фондови и америчките донации,
каде довербата на граѓаните во обвинителите и судиите е 0%,
каде не се гонат големи корупциски скандали на познати високи државни и политички функционери, кои и тебе ти се добро познати,
каде не се откриваат и не се казнуваат виновниците за повеќе трагедии во кои животот го изгубија голем број луѓе, како што беа БЕСА ТРАНС, ДУРМО ТУРС, Модуларна болница и други.
Македонија, Ковачевски, во регионот е препознаена и како земја во која со закон е забрането да се објават голем број кривични дела врзани и кои произлегуваат од тајните прислушувања, сè со цел да не бидат казнети политичари кои и сега се на власт“ – наброијува Хајредини во објава на Фејсбук.






