Екс-министер за финансии Џевдет Хајредини го поздравува барањето за измени на Законот за банки бидејќи повеќе од јасно е дека на граѓаните им е особено важно да се намалат скриените трошоци, според него во ниту еден момент не смее да се заборави спрегата меѓу банкарството и политиката.
Не и одговара на ниту една влада да се замери со банките и со нивните менаџери, вели Хајредини во интервју за „Локално.
„Банкарскиот сектор е влијателен и во политиката, бидејќи и партиите и владата преку него остваруваат разни други политички интереси,“ истакнува, Хајредини.
„За жал никој не се истакнува да задира во интересите на банките затоа што утре самиот тој нешто ќе побара од банката. Притоа мислам на високи функциониери од кои се очекува да предложат такви мерки, а не мислам на граѓаните.
Лично политичарите се тие кои на пример бараат прием кај генералниот директор на банката за да завршат некоја своја работа…“
На прашање како објаснува што и покрај тоа што во пандемската 2020-та, граѓаните масовно почнаа да користат електронско банкарство, а трошоците за провизија не се намалија, туку напротив се зголемија , Хајредини со одговор:
„Се согласувам, трошоците требаше да се намалат бидејќи реално, помали се трошоците на банките за нудење на тие услуги. Но иако се очекуваше , тоа не се случи бидејќи нема кој да ги притисне банките. Ова прашање го поставува партија што има двајца-тројца пратеници.Зошто не го постават големите партии? Зошто тие молчат? Нели е тоа индикативно?
Со иницијативата за ставање крај на како што рекоа од партијата Левица, лихварството од страна на банките, предизвикаа, добија одговор, но не очекувам дека владата ќе излезе со предлог. Ризикувам со ова, но така е а причината ја гледам и во фактот што сите други пратеници се задолжени по банките“ – вели Хајредини.






