Аналитичарот Џевдет Хајредини, дава свое мислење на дилемите на чиј трошок во САД патувал синот на премиерот Димитар Ковачевски кој тврди дека неговите деца не патувале на трошок на државата.
Ковачевски: Моите деца не патуваат на сметка на државата
„Можно е и за децата на премиерот трошоците за престојот во САД да ги платил некој непознат пријател, како што беше случајот кога на еден владин функционер за една ноќ во Истанбул, некој друг непознат пријател, му плати 20.000 евра“, објави Хајредини на Фејсбук.






