Аналитичарот и екс-министер за финасии Џевдет Хајредини е скептик во однос на изградбата на автопати во Македонија, околу што премиерот Димитар Ковечевска неодамна изјави дека за пет години биле изградени дури 1.300 километри патишта.



„Изградбата на 2 км од патот Скопје Блаце започна во јануари 2020 година, требаше да биде готов до август 2021 година и да чини 17 милиони евра.
Бидејќи работите не беа завршени, во јануари 2023 година беше потпишан нов договор со ГРАНИТ за завршување на изградбата вреден 11 милиони евра и рок до почетокот на 2026 година.
2 км. автопатот ќе чини вкупно 28 милиони евра, а можеби и повеќе“, покажува пресметката на Хајредини.

„За споредба, во Австрија 1 километар автопат, со многу потешка конфигурација, се гради за 13 милиони, во Србија 3,8 до 7,7 милиони за 1 км , во Бугарија 3,1 милиони евра.

Во времето на Заев координатор за изградба на автопати беше Бујар Османи, а сега Артан Груби.
Директорот на МАКЕДОНИЈА ПАТИШТА Ејуп Рустеми, како што самиот декларира, е именуван од Али Амети.
П.С.
Со вакви „координатори“ можеме да замислиме кога ќе се изградат уште 10 километри на оската Скопје – Блаце и Коридорот 8“ објави Хајредини на Фејсбук.