Хајредини: Мисли ли Маричиќ дека некој му верува!?

„Ставот на ЕУ е дека во овој случај не е оправдано ставањето европско знаме за брза процедура за донесување на законите.
Мисли ли Маричиќ дека било кој во ЕУ или во Македонија, нему му верува дека Левица, со само двајца од вкупно 120 пратеници во Собранието, како проруска, анти-НАТО и анти-ЕУ партија, со нелигитимна блокада, ќе направи сè да ги спречи коридорите што треба да ги изгради американската компанија“, прашува на фејсбук аналитичарот и ексминистер за финасии Џевдат Хајредини.



Повод е изјавата на вицепремиерот за евроинтеграции дека „европско знаме е ставено на пет закони за Коридорот 8, со цел да се заобиколи легитимната борба преку парламентарните механизми“.

ЕУ и САД – вели Хајредини – не помалку од Маричиќ се запознаени со состојбите во Македонија, зашто нивни претставници овде биле уште кога он бил многу млад, за нему да му веруваат.

Изградбата на коридорите никој не сака и не може да ја спречи. Ниту се против НАТО и ЕУ тие што бараат да се спречи криминалот и корупцијата со тајниот договор на Бехтел и Енка, за кој Ковачевски кажува дека не го крие, ама не може да се гледа.

Против коридорите биле и се, тие што повеќе од 20 години се на власт од коридорот 8 не изградија ни еден км.

Не може аутостради да градат “координаторите” на Заев и Ковачевски, кои ниту за 6 години не се во состојба да изградат само 2 км. од автопатот Скопје – Блаце, долг сè на сè 12,5 km.’ потсетува Јакредини.