Аналитичарот Џевдет Хајредини ја „открива“ причината зошто премиерот Ковачевски не бил придрушуван од министри Албанци во Белград каде заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ по свеченото отворање на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ биле на вечера во белградски ресторан каде заедно ја запеале познатата српска песна „Дајте вино, хочу лом “.



„Сигурно затоа што не знаат српски народни песни, со Ковачевски во Белград не отиде ниеден министер Албанец“, иронично забележува Хајредини.