Изненадувачки пост на Фејсбук објави поранешниот министер за финасии и почитуван аналитичар во врска со вчерашната изјава на францускиот претседател кој во контекст на решавање на спорот со Бугарија зборува за „северномакедонци“:
„Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот“.
Хајредини, на реакциите намакрон на терминот „северномакедонци“ вели:
„Не може во Северна Македонија да не живеат Северномакедонци. Не греши Макрон. И во Франција живеат Французи.
Ова е спротивно на циркуларното писмо што македонското МНР го испрати по Преспанскиот договор во кое бара од влади, медиуми, јавноста да не користат изведенци од сменетото име на државата кога говорат за нацијата.
Објавата на Хајредини наиде на реакции во стилот „Дали и Албанците во Македонија се северномакедонци“, „Дали на Косово неема Албанци“…









