Кога е во прашање стравот од одговорност за криминал и корупција, Ковачавски и Али Амети можат да се завртат и против Америка и против Европска Унија, пишува на Фејсбук аналитичарот и екс министер Џедет Хајредини.



„Тоа се гледа кога во Струга заедно го бранат Мерко, кога европското знаме го користат за склучување коруптивен договор со БЕХТЕЛ и ЕНКА и кога Теута Арифи (о)станува заменик на Али Амети, а за амбасадорка не ја ја примаат ни во САД ни во ЕУ“.

Во претходна објава, Хајредини велили дека и создавањетои на ткн. „европски фронт“ е наменски:

„Ковачевски, кристално јасно е, исто така, дека и вие, заедно со Али Амети, со ‘европскиот фронт’ за евроинтеграција, се обидувате да се спасите и од одговорност за долгогодишниот криминал и корупција“, порачува Хајредини кој уште тврди дека:

„Власта, Премиерот и министрите, информациите за случаите на криминал и корупција, на кои укажуваат и странците, не ги негираат, туку ги игнорираат. Таков е примерот и со најголемиот корупциски скандал со Дојче Телеком и многу други“.