„Ако вицепремиерот Артан Груби го координира коридорот 8 на ист начин како што и министерот за надворешни работи Бујар Османи ја координира изградбата на првите два километра од автопатот кон Блаце, кој започна во 2020, а се очекува да биде готов во 2026 година, тогаш коридорот 8 ќе биде готов во 2035 година! Но, тогаш цената на овој коридор ќе биде двојно зголемена: од 1,3 милијарди евра на 2,6 милијарди евра!“ – коментира Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, на својот фејсбук-профил.
Хајредини дополнува: Коруптивниот договор на „координаторот“ Груби, координиран со премиерот Ковачевски, го компромитира овој коридор.





