Ексѝ-министерот за финасии и аналитичар Џевдет Хајредини реагира на изјавата на актуелниот „колега“ министер Фатмир Бесими кој изјави дека „предлог буџетот за 2023 година со сеопфатен план е насочен кон ублажување на последиците од енергетската криза, обезбедување непречено финансирање на евроатланските интеграции, исполнување на НАТО стандардите…”



На ова Хајредини вели:

Никаде во предлог буџетот не се гледа “финансирањето на евроантлантските интеграции и исполнувањето на НАТО стандардите…”.

Македонија е членка на НАТО, а за ЕУ потребна е согласност од Бугарија, која не бара пари.

Буџетот главно служи за финансирање на државната администрација, јавното здравство, јавното образование и социјалната заштита на граѓаните и – за плати на гласачите на партиите на власт, како што е случајот само кај нас“, забележува иронично Хајредини.