Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека „граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д“.
Агелер е разочарана што опозицијата го критикува „Бехтел“.
„Разочарана – вели Хајредини – беше амбасадорката Агелер и со катастрофалната корупција, како и со изборот на јавниот обвинител за гонење на криминалот и корупцијата.
Кој знае уште колку амбасадорката ќе се чуди и ќе се разочара во иднина“ – објави Хајредини на Фејсбук кој во друга објава забележува:
„И амбасадорката на САД изгледа повеќе им верува на Груби и Ковачевски, отколку на амбасадорот на ЕУ“.







