Аналитичарот Џевдет Хајредини реагира на информацијата дека „анонимен подносител доставил иницијатива за одземање на лиценцата на ТВ Алсат, а АВМУ ја ставила на дневен ред на Советот.
Иницијативата е отфрлена, но го отвори прашањето – зошто воопшто добила таква легитимација (иницијативата била нецелосна) и дали ова е инструмент кој може да се користи за заплашување и на други медиуми“ како што соопшти 360 степени.
„Тој што сака да го замолчи ТВ АЛСАТ може да биде само Али Амети“ вели во својата објава на Фејсбук аналитичарот Џевдет Хајредини.







