Аналитичарот и екс-министер за финасии Џевдет Хајредини, токму на денот кога е најавен стартот на изградбата на Коридорот 8, прашува зошто за 20 години не се изградени ни 2 километри од автопатот Скопје Блаце.
Хајредини во овој контекст потсетува на една изјава на актуелниот директор на ЈП Државни патишта, компанија надлежна за одржување на патиштата во земајва кој кажува кој кому му одговара во државава.
„Мене шеф ми е Али Амети, зашто он ме именувал за директор на државни патишта. Премиерот го почитувам како и сите други граѓани“, изјави пред извесно време Ејуп Рустеми.
На ова Хајредини утрово коментира:
„Останува непознато и Рустеми не кажа кој е одговорен, зошто 20 години не се изградени барем само 2 км. автопат од Скопје до Блаце, долга само 12,5 км., кога се знае дека Али Амети за ништо не одговара пред никого“.







