Хајредини: Ќе се трошат многу пари за ДУИ да остане на власт

Аналитичарот Џевдет Хајредини предвидува какво ќе биде однесувањето на техничката влада која треба да ги организира изборите на 8 мај, што, според него ќе ѝ помогне на ДУИ да остане на власт:



„Наредните 100 дена техничкиот премиер и министрите од буџетот, а компаниите клиенти од тендерите, ќе трошат многу пари, за ДУИ повторно да го добие потребниот број пратеници за да остане на власт, било со СДСМ или со ВМРО“, пишува во објава на Фејсбук Хајредини..