„Вака како што се однесуваат некои ЕУ дипломати, измената на Уставот може да остане само со поддршката на Бујар, Маричиќ и Груби“.
Ова е една од серијата објавио на аналитичарот Џевдет Кајредини на тема уставни измени и пријателските совети кои со доаѓање во Скопје ги испорачуваат министри за надворешни работи на земји од Унијата.
За изјавата на шефот на македонската дипломатија, Османи дерка „најважно е присуството на францускиот дипломат, кој јасно би ги протолкувал сите одредби од Преговарачката рамка, за кои постојат дилеми, односно стравувања дека ќе бидат предмет на нови условувања од бугарска страна“, Хајредини вели:
„Францускиот дипломат, сите одредби нека им ги протолкува на тие што треба да гласаат, а дали ќе има нови условувања, дипломатите нека ги прашат Бугарите.
Амбасадорот Гир рече дека ќе има и други барања од ЕУ“ пишува Хајредини, а во меѓувреме потсеќа:
„Според Ерван Фуере, ЕУ всушност ги одобри бугарските ставови за историјата, јазикот и идентитетот“.






