Џевдет Хајредини со свој коментар на Фејсбук се вклучи во расправата околу тоа дали и каков изборен модел ѝ треба на Македонија, во услови кога помалите политички партии се погласно се залагаат за една изборна единица, но тоа не наидува на општо одобрување.
„До консензус за избниот модел лесно може да дојде, само под услов сите други партии да прифатат тоа што му одговара на ДУИ, инаку паѓа Владата или “војна ќе има”, иронично забележува аналитичарот и екс-министер за финансии кој речиси редовно го критикува коалициониот партнер на СДСМ – Демократската унија за интеграција.
„Во Македонија сè додека е стабилна корупцијата, стабилна ќе биде и коалицијата“, пишува на Фејсбук Хајредини.







