Бујар Османи тврди дека во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија, кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон и во рамките на Акциониот план, е интензивирана борбата против корупцијата.
ххх
Бујар, премиерот и Владата се должни пред народот да објаснат зошто после толку “интензивирана борба”, според оценката на САД, ЕУ и Британија, Македонија со корупција е доведена во вистинска катастрофа и дека состојбата во последно време, не само што не е подобрена, туку е влошена, пишува в о објава на Фејсбук аналитичарот и екс-министер зас фиинансии, Џевдет Хајредини.
Очигледно време е да размислат, или да го намалат интензитетот на борбата, или, евентуално, да си поднесат оставка, вели Хајредини.






