Поранешниот министер за финасии реагира на изјавите на министерот Бектеши и премиерот Ковачевски дека со владините мерки и менаџирањето од АД ЕСМ успешно се пребродија кризите со електрична и топлинска енергија.



„Нема потреба од фалење, платени сте тоа да го работите. Сите луѓе работат и не излeгуваат секој ден на тв. да се фалат.

Освен тоа, менаџирањето од АД ЕСМ и владините мерки не се успешни ако, за да ја пребродиш кризата, да плаќаш двојно поскапо крадена електрична енергија од европскиот електроенергетски систем“, пишува Хајредини на Фејсбук.