Поранешниот министер Џевдет Хајдредини вели дека шефот на дипломатијата, Бујар Османи тврди дека во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија, кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон и во рамките на Акциониот план е интензивирана борбата против корупцијата.
„Бујар, премиерот и Владата се должни пред народот да објаснат зошто после толку „интензивирана борба”, според оценката на САД, ЕУ и Британија, Македонија со корупција е доведена во вистинска катастрофа и дека состојбата во последно време, не само што не е подобрена, туку е влошена. Очигледно време е да размислат или да го намалат интензитетот на борбата, или, евентуално, да си поднесат оставка“, пишува на Фејсбук Хајдредини.








