„Кога ќе заврши изградбата на делницата на автострадата од 2 км, според правилото тројно, лесно ќе може да се пресмета колку години ќе трае и колку ќе чини изградбата на целата делница до границата со Косово, долга 12 км“.



Фејсбук статус на поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини, по вчерашната изјава на директорот на Државни патишта Ејуп Рустеми дека „поради непредвидени ситуации“ ќе доцни изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце од цели два километри вредна 14,2 милиони евра.

Според Рустеми пролонгирањето е заради експрпријација на земјишто но и фактот што требало да се изработат нови два проекти за ова делница кои се завршени.