„Ако не е на власт, ДУИ нема да биде ниеден ден на политичката сцена’ – изјави Џевдет Хајредини, политичкиот аналитичар и ексминистер за финансии, во дебатната емисија на ТВ Шења“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „ин7“.
„Ин7“ пренесе: „Хајредини рече дека во Македонија најреалниот проблем е нецелосното расветлување на случаите, кои произлегуваат од прислушувањата. Тој дополни дека Али Ахмети во едно интервју, дадено во Албанија, кажал оти за него, за Ахмети, има 100 илјади прислушувани разговори и оти од нив 17 илјади се обработени. Во сето она што го видел тој никаде не ги навредува своите сограѓани како што го прави тоа Заев за неговите сограѓани.’ – рече Хајредини во дебатната емисија на ТВ Шења.“





