Со овие зборови Али Амети на TV.SIRI во Тирана, се пoжалил дека екс премиерот Зоран Заев рекол дека Албанците не вредат ни пара, објавува аналитичарот Џевдет Хајредини кој на Фејсбук пренесува дел од зборовите на лидерот на ДУИ.
„Ова неизмерно ме погоди“ – рекол Ахмети.
„Но, повеќе ме погоди тоа што немаше национална реакција од интелектуалци, од аналитичари, од публицисти, дека ни ги навредил коските до гроб. Останав запрепастен“ и продолжува: „Јас во никој случај не ги навредувам моите сограѓани Македонци“, изјавил Ахмети во разговор со новинарот Чим Пека.







