Хајдари: Од средбата во Тирана нема да има НИШТО ПОЗИТИВНО за Албанците – „Се стресе планината, се роди глувчето“!“

„Од средбата во Тирана нема да има НИШТО ПОЗИТИВНО за Албанците, од која било страна на границата. Тоа беше „се стресе планината, се роди глувчето“!“ – вели публицистот и сопственик на информативниот портал на албански јазик Фејзи Хајдари во својата објава на фејсбук со наслов „Рама и Али не успеаја да поентираат според ’сценариото’ за средба во Тирана?“ Објавата на Хајдари ја пренесоа повеќе медиуми на албански јазик.

Тој пишува: „Може ли некој да ми каже за што се договорија лидерите на Албанците од * Македонија на вечерата со премиерот Еди Рама во Тирана? Јас ќе кажам право: немам поим, иако будно ги следев одблиску случувањата, во Тирана. Истото сценарио, истата форма и содржина…, беше исто како на средбата во Тирана пред 6 години, која не даде никаков политички ефект, уште помалку за Албанците овде. Како и да е, овде се договорија да не се договорат и од оваа средба, дефинитивно, нема да има НИШТО ПОЗИТИВНО за Албанците, од која било страна на границата.“



„Ниту Рама, ниту Али Ахмети не успеаја да добијат поени од оваа средба, бидејќи и двајцата имаат многу проблеми внатре во партиските табори. Еди Рама така ја конструираше средбата, за да здобијат политички поени тој и Али Ахмети. Разликата се состоеше во тоа што на Ахмети му требаше за внатрешна употреба во * Македонија. Ахмети сакаше да остави впечаток дека ДУИ е силна и покрај проблемите со ‘Огнената група’. Но, последните две средби на теренот, особено со онаа во Студеничани, многу ја доста ја разнишаа ДУИ одвнатре.“

„На Рама му беше потребна средбата во Тирана да им покаже и да им докаже на меѓународните чинители дека е ‘регионален лидер меѓу Албанците’, но и да му испрати сигнали на неговиот пријател во стилот ‘ сè уште сме силни’! Овој ‘ќеф’ на Рама малку му го расипа лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој пред да дојде во Тирана се запре во Приштина, за да се сретне со премиерот на Косово Албин Курти.“

„Се на се, лидерите останаа задоволни со вечерата, иако не беа усогласени во текот на здравицата! ‘Се стресе планината, се роди глувчето’! Периодот што ќе уследи ќе покаже дали се точни, или не, впечатоците изнесени во оваа објава на фејсбук!“