„Тоа што ДУИ опстојува повеќе од 20 години во власта не се виновни само Албанците, туку најголемиот дел од вината за тоа ја сносат токму македонските партии, бидејќи цело време ја толерираат ДУИ да прави што сака и законски и незаконски кај Албанците. Во нивното гнездо лежат суперкорумпирани високи функционери, кои се склони, учествувајќи во која било влада, се да сторат, само да си ја спасат главата од законот.“ – вели Фејзи Хајдари, новинар и издавач на весникот на албански јазик „Лајм“, во објавата на својот фејсбук-профил.
Натаму Хајдари пишува: Албанското гласачко тело ја покажа во 2016 година својата политичка волја и гласаше за Беса. Делови од власта тогаш направија се во последните мигови со записници и такви нешта да ѝ одземат на Беса два пратеника, односно два пратенички мандата да ѝ дадат на Беса. И покрај нискиот рејтинг, со ова ДУИ сепак успеа со крајни напори, со помошта на ВМРО ДПМНЕ, да стане дел од власта и да обезбеди 10 пратеници.
Делови од власта од СДСМ, а и од ВМРО ДПМНЕ, особено македонската УДБА – ДБК, секогаш сакаа да ја имаат ДУИ во власта. Со ДУИ во власта тие можат да ги дискриминираат Албанците, како што е, на пример со навредливата уставна формулација (категорија) „етничка заедница повеќе од 20 проценти“.
Денес се покажува оти е многу штетна за државата логиката дека „можеме полесно со Албанците“, ако имаме, условно кажано, една „слаба албанска партија“ во власта. Токму со тие последици се соочуваме денес. Сега на некои аналитичари им текнало да кажуваат тоа што јас го велам повеќе од десет години, „дека голем проблем на владите е токму ДУИ“, оти во нивното гнездо лежат суперкорумпирани високи функционери, кои се склони, учествувајќи во која било влада, се да сторат, само да си ја спасат главата од законот. Ку – ку бре, штета што не знаеле за ова порано!





