Хајдари: Македонците се такви, што соседите сè им оспоруваат, а Бугарите ќе ги принудат да направат многу промени околу националниот идентитет!

„Македонците се такви што, натпреварувајќи се кој ќе им нанесе повеќе штета на Албанците, стигнаа до ова дереџе, каде што сите соседни држави им ги оспоруваат верскиот, националниот и културниот идентитет. Србија им ја оспорува црквата, Грција ги принуди да го сменат името, а Бугарите ќе ги принудат многу бргу да направат многу промени, кои се поврзани со националниот и историскиот идентитет. На албанскиот чинител итно му е потребно изготвување обединета платформа со реални национални барања пред Македонците, пред да биде предоцна.“ – вели Фејзи Хајдари, новинар и издавач на весникот на албански јазик „Лајм“ во својата колумна со наслов „Изјавата на Албин како причина за хистеричната реакција на  Ковачевски и Вучиќ“, која ја објавија „Лајм“ и други медиуми на албански јазик.



Хајдари пишува: Знаете ли што и зошто им пречи на Македонците (Ковачевски, Пендаровски, ДУИ и Вучиќ) посетата на премиерот на Косово во Скопје и Тетово? Единствената причина за хистеричната реакција на институциите на Р*М е изјавата на Албин Курти дека „Владата на Р*М во иднина мора сериозно да се насочи на хоризонталната соработка Албанија – * Македонија – Бугарија, за да се неутрализира српско-руското влијание во * Македонија.

Македонската Влада (Ковачевски-Ахмети-Пендаровски+ВМРО) се плаши дека мобилизирањето на Албин Курти ќе ги растури, ќе ги попречи длабоките и стабилни шаблони на кохерентната (меѓусебно осмислена) политичка соработка на досегашните македонски влади и официјален Београд.

Идејата на Албин Курти за засилена соработка во перспектива меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Косово има само една цел: неутрализирање, поточно борба против многу големото српско-руско влијание, кое порасна во последните 20 години во Балканот, особено во * Македонија. Разликата меѓу Албин  Курти и и македонската Влада е концептот: западниот концепт против источниот концепт (Русија и Србија).

Хистерични се реакциите кај огромен дел од македонската политика: кога се во прашање Албанците и нивните интереси Македонците  – позиција, опозиција – стануваат исти. Тие  ги усогласуваат разликите преку ноќ без оглед на разликите во политичките позиции. Сега има партии во Владата, кои со своите ставови не се разликуваат воопшто од ставовите на македонските партии кон албанската национална кауза, каква и да е таа.

На албанскиот чинител итно му е потребно изготвување обединета платформа со реални национални барања пред Македонците, пред да биде предоцна. За оваа работа не се виновни Македонците, туку Албанците. Помина времето кога на Албанците им се сервираа „форите“ од типот: „ВМРО е антиалбанска партија, а СДСМ не е!“

Исти се. Такви биле отсекогаш. Дури и СДСМ местеше и убиваше Албанци, како и ВМРО… Дословно се исти кон Албанците. Бидејќи се такви, натпреварувајќи се кој ќе им нанесе повеќе штета на Албанците, стигнаа до ова дереџе, каде што сите соседни држави им ги оспоруваат верскиот, националниот и културниот идентитет. Србија им ја оспорува црквата, Грција ги принуди да го сменат името, а Бугарите ќе ги принудат многу бргу да направат многу промени, кои се поврзани со националниот и историскиот идентитет.