„Изјавата на лидерот на Алијансата за Албанците дека ‘ДУИ е рак на општеството’ треба да се земе сериозно како сериозна и суштинска забелешка дека промената на власта е нужност. Без промената на власта агонијата ќе трае и натаму со цели години. За да се прекине агонијата ќе биде потребно да се промени сегашниот владејачкa гарнитура. Молкот на ДУИ во врска со изјавата на Таравари има повеќе врска со стравот спроти претстојните избори, поради многубројните скандали на оваа партија, кои излегоа на виделина во последно време.“ – вели Фејзи Хајдари, издавач на весникот на албански јазик „Лајм“, во својата колумна со наслов „Зошто ДУИ молчи за дијагнозата рак од Таравари?“, која ја објави и на својот фејсбук-профил.
Хајдари пишува: „ДУИ е рак на општеството!“ Со оваа изјава се огласи лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Ова е првпат со такво обвинување, толку остро и аргументирано, да се упатува кон ДУИ, партнерот од владејачката коалиција. Таравари имаше кажано такви обвинувања и порано во неговите јавни истапувања. Но, за разлика од сега кога е дел од владејачката коалиција, Таравари поранешните обвинувања ги искажуваше додека беше во опозиција.
Лидерот на Алијансата за Албанците ја докажа постојаноста на своите политички ставови и принципиелноста, но ДУИ молчи зачудувачки во врска нив. Тоа е необично за партија, која досега реагираше речиси дури и на твитови, но замолча наспрема острите, тешки обвинувања…
Зошто молчи ДУИ, која беше порано многу гласна речиси за ништо?! Изгледа дека молкот на ДУИ има повеќе врска со стравот поради многубројните скандали, кои излегоа на виделина во последно време, почнувајќи од аферата „Соравија“, милионскиот тендер за компанијата на зетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, тајниот (нетранспарентен) договор за Коридорот 8, за казината, лотаријата, за албанската паралелка во гимназијата во Велес и други скандали.
Летаргијата, или немоќта не биле „доблест“ на „интегративците“ и затоа зачудува „стратегијата за немост“! Молкот во многу случаи би значела одобрување, согласност, немање противаргументи… Постапките на ДУИ ДЕНЕС не се како постапките од ВЧЕРА!
Зошто оваа дефанзива на Ахмети и Груби токму во време кога малку по малку речиси започнаа активностите за идните избори, судејќи според ставовите и јавните настапи на политичките субјекти? Велат дека пред аргументите молчат и боговите! Како што изгледа ова сериозно го разбрала и ДУИ, па затоа одлучила да не зборува.
Силни беа аргументите на Таравари за неуспесите на ДУИ како партија, која се наоѓа во Владата 20 години. Ниедно од барањата, кои претставуваат животно важен албански национален интерес, не добило позитивен исход – решение! Напротив, уставно-правниот статус на Албанците останува ист како оној од пред 2001 година, дури сега и со наведлива уставна формулација, во која Албанците се појавуваат како етничка заедница „20 проценти“.
Оттука произлегува заклучокот дека да остануваш во Владата со ДУИ е како да претставуваш само една бројка и како да се согласуваш да им ги простуваш гревовите! Со оглед на ова, изјавата на Таравари треба да се земе сериозно како почеток на сериозни и суштински забелешки, дека промената на власта е нужност. Без промената на власта агонијата ќе трае и натаму со цели години. За да се прекине агонијата ќе биде потребно да се промени сегашниот владејачкa гарнитура.





