Хајдари: „Грција им го смени името на Македонците, Бугарите ги условуваат со јазикот и идентитетот, само Албанците трпат порази“

„Грција ја принуди да го смени името, Бугарите условуваат со јазикот и идентитетот, само Албанците трпат порази и станаа ’20-процентен народ““ – вели Фејзи Хајдари, издавачот на весникот на албански јазик „Лајм“, во својата колумна со наслов „(Не) Моќта и поразот на албанската политика во 30-те години на демократија во с.Македонија “, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Хајдари пишува: „1. Грција ја принуди Македонија да го смени уставното име.“



„2. Бугарија ја условува за јазикот и другите делови на идентитетот.“

„3. Албанците за 30 години едноподруго, дури и со оружениот конфликт, ‘успеаја’ да бидат во Уставот ‘Народ од 20 отсто’.“

„Албанскиот јазик е исто така ‘јазик на народот над 20 отсто’.“

„Ова се фактите за спектакуларниот пораз на албанската политика во 30-те години на демократија, се е друго прдежи во албанската политика“