Хајдари до Македонците: „Со рефрен ‘Мртов Шиптар, добар Шиптар!’ нема ЕУ-перспектива! – Доста ве трпевме! Не јадете го’на!“

„Никогаш немало резултати во политиката, поради антиалбанските ставови, кои ги искажувале во континуитет македонските партии и од позицијата и опозицијата. Тие се преполни со антиалбанство. Вие го имате одгледувано антиалбанството дури и институционално. За овие 30 години на демократија вашите внуци и внуки не ги заборавија рефрените, со кои вие започнавте: ‘Гасни комори за Шиптари!’, ‘Мртов Шиптар, добар Шиптар!“ – вели Фејзи Хајдари, новинар и основач на весникот на албански јазик „Лајм“ во својата колумна со наслов „Доста ве трпевме, не јадете го’на!“, во која им се обраќа едновремено и на Македонците како народ и на македонските партии од позицијата и опозицијата.

Хајдари пишува: „Тоа што сега немате европска перспектива е токму ваша вина, бидејќи и по толку години вие ги обновувате стереотипите, старите шаблони од типот ‘Добар Шиптар е мртвиот Шиптар!“

„Во овие 30 години не се покажавте како визионери и политички вешти, бидејќи сакавте да градите ‘држава’ врз грбот на Албанците и на нивна штета, на несреќата на Албанците. Затоа, вие македонски партии и од позицијата и опозицијата немате морално, цивилизациско, граѓанско и никакво право да ги обвинувате Албанците за иднината на с.Македонија.“

„Грција ви постави ‘кочница’, ви ги соблече панталоните и вие веднаш го сменивте уставното име.“

„Бугарија денес ви го оспорува јазикот и дел на вашата национална историја. Србија ве принуди да го смените и името на православната црква, а вие продолжувате да ги навредувате Албанците на институционален начин со прекарот ’20-процентен народ!’.“

„Кој го трпи ова, освен албанските политичари???“

„Доста ве трпевме! Не јадете го’на!“