Хајдари: „Алармантно: за првпат Албанци во Приштина и Македонија пројавуваат отворено ‘симпатија за-Русија’!“

„За првпат на албанските простори гледам ‘приклонување“ за-Русија кај медиуми и аналитичари и во Приштина и во Македонија, додека устите им се полни со ‘Америка, Америка“ – објави Фејзи Хајдари, издавачот на весникот на албански јазик „Лајм“,на својот фејсбук профил, а пренесе информативната агенција ИНА.

Хајдари натаму во својата објава пишува: „Оваа појава е повеќе од вознемирувачка… таа задобива алармантна мера! Велам алармантна, бидејќи е многу софистикуван начинот како се пројавува таа појава: постојано и целосно манипулативно…“

„А, бре, Албанци, стасавме и до тоа: Албанци што пројавуваат отворено ‘симпатија за-Русија’, оправдувајќи ја невидената будалаштина дека божем ‘Ердоган и Русија се со нас’ и оти тие ‘како такви се сила“!!!???“



„Ајде, будалаштини, ајде!“