Хаг ја блокира Тирана, ќе настрада ли Македонија?

Владата на Холандија предлага преговорите за влез во ЕУ на Албанија да бидат одложени и да бидат закажани во наредниот период без точна временска рамка.



Во исто време официјален Хаг не гледа никаква пречка и дава зелено светло за одржување на првата меѓувладина седница Македонија, објави албанската „Ора њуз“ телевизија.

“Холандската влада ја официјализираше својата одлука против свикувањето на првата меѓувладина седница меѓу Албанија и Европската Унија. Според Холандија, Албанија се уште не ги исполнила условите што ги бара Европскиот совет. Формирањето на Уставниот суд, Врховниот суд и борбата против корупцијата и организираниот криминал за Холанѓаните остануваат услови што албанската влада не ги исполнила” – наведува „Ора њуз“.

Одлуката на холанската влада е доставена до парламентот за да се донесе конечната одлука.

Доколку биде потврдена оваа одлука може да влијае и на Македонија затоа што покрај спорот со Бугарија како пречка за почеток на преговорите неколку земји членки на унијата инсистираат Скопје и Тирана во пакет да започнат со преговори.

Меѓу нив се Италија, Грција и Бугарија.