Актуелниот косовски претседател Хашим Тачи и уште девет поранешни борци на ОВК се обвинети за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, од страна на Специјалното обвинителство во Хаг.
Како што пренесува Дојче веле, злосторствата за кои се обвинети опфаќаат речиси 100 убиства, киднапирања, прогон и мачење направени за време на војната на Косово во периодот 1998-1999 година.
„Жртвите на кривични дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат и меѓу нив се косовски Албанци, Срби и Роми, како и политички противници. Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти обвинителството во Хаг.





