Константинос Хаѕидакис, пратеник од Нова демократија, го пренесува ставот на најголемата опозициска партија во Грција дека не признава македонски идентитет на народот што живее кај северниот сосед.
„Има конфузија, проблеми и тоа е очигледно во изјавите на владините претставници. Има ‘магла’, не знаеме каде одиме. Не сум оптимист за решение со Скопје. Нова демократија сака единствено, глобално и трајно решение за име за сите употреби. Не признаваме македонски идентитет“, изјави поранешниот министер за транспорт и комуникации, како и за развој, а во три мандата и европратеник.





